еМагазин
Image default
Македонија

Борисов: Се надевам дека догодина ќе го празнуваме Гоце Делчев заедно со нашите браќа од Северна Македонија

Се надеваме дека заедно со нашите браќа од Северна Македонија, следната година ќе ја прославиме 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

Ова го изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов по повод годишнината од раѓањето на големиот револуционер, јави дописникот на МИА од Софија.

-Денеска се навршуваат 149 години од раѓањето на Гоце Делчев – војвода, активист на македонско-одринското револуционерно ослободително движење, меѓу нашите најистакнати заеднички историски херои.

Се надевам дека имаме мудрост следната година, заедно со нашите пријатели и браќа од Северна Македонија, да го прославиме неговиот 150-годишен јубилеј, обединети и заедно на патот на европската интеграција, вели Борисов.

МИА/Фото: Фејсбук/Борисов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски не се оградува од Ванчо Михајлов, вели дека тој е дел од континуитет на ВМРО-ДПМНЕ кој треба да се почитува

Редакција

Во македонскиот дел од заедничката Комисија со Бугарија изненадени од оставката на Ѓорѓиев, велат немало притисок од МНР

Редакција

Нападите врз македонските Бугари и нивните здруженија влегоа во извештајот на Европската комисија за Македонија

Редакција