еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

СЗО: Најлошото не е поминато, можни се трет и четврти бран

Светската здравствена организација (СЗО) ги повика сите земја со олабавување на епидемиолошките мерки да не ги гаснат надежите што ги донесе вакцината, додека коронавирусот и натаму беснее низ многу земји.

Ова предупредување доаѓа во време кога програмата Ковакс, воспоставена за поправедна дистрибуција на вакцини против Ковид-19, неделава конечно го имаше почетокот на кампањата за вакцинација во земјите кои досега ја немаа.

– Ова е напредок што влева надеж, но бројот на дози дистрибуирани преку Ковакс е се уште релативно мал, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус.

Мајкл Рајан, шеф на програмата за итни операции на СЗО, предупреди дека се уште не е време да се релаксираме.

– Јас сум навистина загрижен затоа што некои луѓе мислат дека најлошото е минато. Тоа не е точно, ако не бидеме внимателни, можни се трет и четврт бран, предупреди тој.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ако Боки 13 трошел „чисти пари“, каде се тогаш парите од рекетирањето?

Редакција

Починаа девет лица од Ковид-19, вкупната бројка изнесува 2.559

Редакција

Филипче апелираше граѓаните да ги откажат патувањата во Северна Италија доколку немаат итна потреба

Редакција