еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Српската влада направи повеќе за вакцинацијата во Македонија, отколку нашата

Македонија пред неколку недели ги доби првите вакцини против Ковид-19, од соседна Србија. Во меѓувреме нашите власти си продолжија со фрази од типот „не овој месец, следниот„, па македонските граѓани (не дека не знаеа од порано дека нашиве по којзнае кој пат ќе ја оплескаат работа), решија да си ги земат работите во свои раце.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По новинари и полицајци и бизнисмени од Македонија ќе се вакцинираат во Србија

Прво во Врање, Србија, почнаа да се вакцинираат македонски граѓани кои имаат и српско државјанство, потоа почнаа и тие што немаат, (секој се снаоѓа како знае и умее, за здравје се работи), потоа благодарение на српската Влада и тамошното здружение на новинари, се вакцинираа и наши новинари, се најавува вакцинирање и на македонски полицијаци, македонски бизнисмени, благодарение пак на српската Влада и тамошната стопанска комора…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од Ковид-19 изгубивме луѓе колку еден мал град, ние се однесуваме како да е се нормално, а ништо не е

Читајќи ги сите овие вести и најави, нас не фаќа срам, но по се изгледа македонските власти не знаат што е срам.

Голема благодарност до српската Влада, поради која што и генерално започна вакцинацијата во Македонија, а едно големо УАА за македонската, која патем ја плаќаме за да се грижи за нашето здравје.

Деновиве од Босна и Херцеговина пристигна информацијата дека функционери добија кривична, бидејќи не набавиле вакцини и го загрозиле здравјето на граѓаните.

Време и нашите да заработат една таква кривична. И те како има материјал за истата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Kривични против функционери во БиХ, бидејќи не набавиле вакцини и го загрозуваат здравјето на граѓаните

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На излез од земјата ќе се става печат со појаснување дека патните исправи се на Република Северна Македонија

Редакција

Која е грчката компанија која ќе ја гради хидроцентралата Чебрен

Редакција

Министерот за економија Крешник Бектеши позитивен на Ковид-19

Редакција