еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Без зелено светло од Бугарија нема реализација на договореното, порача Османи

Целосен договор треба да ги има решенијата од португалскиот предлог, дефиниран патоказ и зелено светло за почеток на преговорите. Тогаш двете страни сме ги исполниле обврските и имаме целосен договор. Без една од овие компоненти не можеме да имаме договор и не можеме да почнеме со еднострано имплементирање на поединечни компоненти, изјави денеска на прес-конференција министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Токму тоа, нагласи Османи, беше целта од Договорот од 2017, да нема еднонасочни, еднострани обиди, туку да се воведе една рамка во која што секоја страна ќе си има обврски.

– Бугарија според членот 2 ќе има обврски да ја поддржи евроатлантската интеграција, Република Северна Македонија ќе ги има своите обврски и тие заеднички да ги имплементираме и заеднички да ги мониторираме. Ја гледате логиката на договорот.

Комисијата е една за историските прашања, само има дел наши историчари и бугарски историчари, нема две комисии коишто поединечно разговараат. Меѓувладината комисија како дел од тој билатерален мониторинг, не е две меѓувладини комисии – една комисија раководена од двајца министри за надворешни работи.

Значи, процесот е замислен така да може заеднички да преземаме обврски, заеднички да ги имплементираме, заеднички да ги мониторираме. И оттука така треба да продолжиме. Ние не треба да се вратиме на период пред 2017 и да почнеме со еднострани пристапи во решавањето, рече Османи, одговарајќи на новинарско прашање дали се преземени некакви обврски во Софија и дали тие идеи остануваат.

На тие разменети идеи во Софија како треба да изгледа содржината на патоказот, нагласи Османи, требаше да има одговор пред самитот. 

– Доколку беа прифатливи тие наши предлози, да се усогласиме за патоказот, португалското решение веќе е на маса, зелено светло во четвртокот – имаме комплетен договор. Едната позитивна страна на ова писмо што го добив вчера е дека во писмото стои дека сите предлози коишто се дадени се прифатливи, затоа што кога барате да Република Северна Македонија да ги реализира обврските, тоа значи дека вие се согласувате дека тоа е решение. Но, негативното е што дојде откако заврши самитот, рече Османи.

Во наредниот период, според шефот на дипломатијата, треба да се продолжи, така што словенечкото претседателство го презема португалското решение, патоказот е дефиниран и уште зелено светло во септември и ќе имаме конечен договор.

– Така јас го гледам тој процес, но не мислам дека поединечните компоненти може да имаат тежина или сила без да се во рамки на пакетот од трите компоненти.

Мислам дека треба таков да биде пристапот, да се договориме, Бугарија дава пас за почеток на преговори, ние сме го дефинирале патоказот, почнуваме да ги реализираме чекорите од патоказот, исто португалското решение се импелемнтира и веќе имаме конечно решение со трите компоненти во тоа конечно решение, повтори Османи.  

Духот на договорот, нагласи Османи, препознава заеднички обврски и секое враќање пред договорот со унилатерални чекори или еднострона чекори кои не се дел од пакетот на договорот, според него не е здраво и за нашите односи и за перспективата на овој спор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се барањата на Бугарија до Македонија за да го тргнат ветото за ЕУ

Крајно време е ЕУ да си ги одржи своите ветувања, велат во заедничката изјава министрите за надворешни работи на Германија, Португалија и Словенија

МИА/Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Полицијата најде закопано оружје во Блаце од времето на воениот конфликт

Редакција

СДСМ и Коалицијата постигнаа договор за консензуален кандидат за претседателските избори

Редакција

Илон Маск му даде легитимитет на Биткоинот: Банкарите се плашат, паметните се богатат од криптовалутата

Редакција