еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Што мислат за талибанците Русија, Кина и Турција

Гаранциите на талибанците дека ќе ја почитуваат слободата на мислење во Авганистан се позитивен знак, соопшти официјална Москва, и додаде дека ги повикува сите страни да се вклучат во дијалогот.

Со своја позитивна оценка за првите пораки што доаѓаат од талибанците се огласи и Турција.

-Фактот дека талибанците во Кабул прокламираат и во пракса докажуваат дека имаат намера да ги почитуваат мислењата на другите, за мене е позитивен знак, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

Русија го поддржува почнувањето на „национален дијалог“ во Авганистан „со учество на сите политички, етнички и верски сили“ во земјата, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фотографија која го обиколи светот: 640 Авганистанции избегаа од Кабул во преполн американски воен авион

-Гледаме знаци на надеж на страната на талибанците, кои изразуваат желба за влада со други политички сили, рече тој, наведувајќи го како пример ветувањето на талибанците дека ќе го почитува правото на образование на девојчињата.

Русија талибанците ги смета за забранета терористичка организација, но веќе неколку години одржува односи со нив и нивните претставници прими во Москва.

Русија ги задржа своите дипломатски претставништва во Авганистан, за разлика од западните кои масовно се евакуираат.

Рускиот амбасадор во Кабул разговараше со талибанските претставници. Тој и другите руски дипломати повеќе пати пофално се изразија за талибанците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко видео) Тажни сцени од Авганистан: Луѓе паѓаат од крила на авион обидувајќи се очајно да избегаат од земјата

Турција, исто така, оцени дека пораките испратени од талибанците по преземањето на власта се „позитивни“, додавајќи дека нејзините претставници биле во контакт со исламистичкото радикално движење.

-Ги поздравуваме пораките испратени досега од талибанците, и до странците и до дипломатските претставништва, но и до нивните луѓе, рече турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу на заедничката прес -конференција со јорданскиот колега Ајман Сафади во Аман.

„Се надеваме дека тоа ќе се покаже и преку нивните постапки“, додаде Чавушоглу, истакнувајќи дека Турција ги продолжува контактите со сите страни во Авганистан, вклучувајќи ги и талибанците.

Турција, која има неколку стотици војници во Авганистан, е вклучена во обезбедувањето на аеродромот во Кабул, заедно со САД.

Шефот на туркста дипломатија додаде дека операциите за евакуација на турските граѓани и странци ќе продолжат кога ќе се стабилизира ситуацијата на аеродромот.

Кина е подготвена за „пријателски односи и соработка“ со талибанците во Авганистан

Кинеските власти соопштија дека Пекинг е подготвен да ги продлабочи „пријателските односи и соработка“ со Авганистан, откако талибанците ја презедоа контролата над земјата.

– Талибанците во неколку наврати изразија надеж за добри односи со Кина, како и оти со нетрпение го очекуваат вклучувањето на Кина во реконструкцијата и развојот на Авганистан… Го поздравуваме тоа.

Кина го почитува правото на авганистанскиот народ да ја одреди својата судбина и е подготвена да продолжи да разввива… пријателски односи и соработка со Авганистан, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи, Хуа Чунинг.

Таа додаде дека Амбасадата на Кина во Кабул продолжува со работа, а на кинеските државјани во Авганистан им се препорачува „сериозно да внимаваат на безбедноста“ .

Кина има 76 километри граница со Авганистан.

МИА/Фото: CNN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што го чека Груевски во затвор: Туширање еднаш неделно, наутро треба да си го мести креветот, да прави генералка на собата во сабота…

Редакција

Паника во Италија: Изолирани 11 села поради коронавирусот

Редакција

Ветото останува, Бугарија сака да ја одвои Македонија од Албанија на патот кон ЕУ

Редакција