еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Под 8% од сите починати се вакцинирани, тоа се постари лица со сериозни комордбилитети, вели Филипче

Никој не може да претпостави како ќе се одвива сега ситуацијата, меѓутоа го анализираме бројот на прегледи и изминативе два до три дена е изедначен. Многу е рано да се каже дека ситуацијата спласнува, но секако за сите пациенти имаме сосема доволен болнички капацитет, со овој систем на координација меѓу Тетово и Скопје, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, во однос на преполнетоста на болниците во Тетово и Гостивар.

Болниците во Тетово и Гостивар се преоптоварени, а во Кичево и Струга делумно, рече Филипче, посочувајќи дека се во постојана комуникација со директорите на тетовската и гостиварската болница и секој пациент на кој што му е потребно болничко место, по претходна најава се праќа во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Три починати лица од Ковид-19 во Тетово, на кислородна подршка се 121 пациент

– Тука е целосно исполнета инфективната клиника, заедно со модуларната. Над 130 пациенти се веќе хоспитализирани, Институтот за туберкулоза и од денеска почнува да работи и болницата за рехабилитација во Козле, каде што има 120 кревети, снабдени со централен довод на кислород, изјави Филипче.

Во однос на можноста за воведување карантин во Тетово и Гостивар, Филипче рече дека, ги разгледувале овие мерки и заклучиле дека засега не е потребно.

– Сепак, тоа е една голема рестрикција. Ставаме акцент на вакцинацијата, како еден процес кој треба и да го зголеми колективниот имунитет, но и да го спречи ширењето на вирусот, вклучувајќи ги и овие градови каде што е најголем бројот на пациенти и дијагностицирани и хоспитализирани, изјави Филипче.

На секој пациент, нагласи Филипче, му се пружа максимална грижа, но посочи дека и многу пациенти доаѓаат касно, како што е примерот изминатите неколку денови, кога имало случаи со 40-50 проценти сатурација на крвта.

– Нешто под осум проценти од сите починати се вакцинирани и тука зборуваме за целосно вакцинирани. Меѓутоа, тоа се луѓе кои и се постари и имаат навистина сериозни комордбилитети, изјави Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

9 лица од 101 кои во последните две недели починале од Ковид-19 биле вакцинирани и имале повеќе хронични заболувања

За тоа дека смртноста се должи на фактот што матичните лекари немаат јасно дефинирани протоколи за лекување, тој рече дека матичните лекари имаат протоколи и јасно е кои пациенти треба да се лекуваат во домашни услови и кои во болнички.

-Болниците се отворени. Матичните лекари ги гледаат пациентите до попладневните часови, во вечерните часови сите доаѓаат во болница, така што апсолутно во сите тријажни центри и во Клиничкиот центар и Инфективната клиника, вратите се отворени.

Имаме систем за проценка и координација, кој каде ќе се хоспитализира, ако е тоа потребно, појасни Филипче.

Во однос на изјавата на доктор Караџовски, министерот кажа дека многу често се дискутирало и имало различни размислувања, но дека дефинитивниот став бил, дека кога е мирна ситуацијата се треба да биде дозволено и тоа е целта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Караџовски: Имаше илјадници венчавки, на кои некои заборавија дека вирусот посто

– Првиот момент кога видовме дека има влошувања на состојбата, се дадоа и се препорачаа рестриктивните мерки, рече Филипче.

Гледаме, посочи, дека овој бран има слични карактеристики секаде во регионот.

-Очигледно е дека се враќаат луѓето од одмори и патувања и почнува повторно да се подига бројот на новодијагностицирани и затоа ги даваме тие рестрикции, изјави Филипче.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски договорил средба со Мицкоски

Редакција

29-годишна девојка од Штип убиена од нејзиниот партнер

Редакција

Убава вест: Оздравени 339 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција