еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Максим Димитриевски ќе се трка за градоначалник на Куманово како независен, не очекува да биде исклучен од СДСМ

Актуелниот градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски, кој најави дека ќе се трка за нов четиригодишен мандат како независен кандидат, информира дека според информациите што ги има веќе го собрал потребниот број граѓански потписи за независната кандидатура.

-Според последните информации што ги добив во 13 часот, потписите на поддршка од граѓаните за нов четиригодишен мандат како градоначалник на Куманово се веќе собрани.

Им благодарам на сите граѓани кои ме поддржаа и веруваме дека и во наредните четири години ќе продолжиме со упорната работа да го менуваме ликот на Куманово и да го забрзаме неговиот развој, изјави Димитриевски пред спомен – костурницата во Куманово.

Тој утрово ја поднесе кандидатурата до локалната единица на Државната изборна комисија (ДИК).

-Јас и мојот тим сакаме со нова енергија, преку 4-годишен мандат да го продожиме развојот на Куманово. Затекнавме долгови, но ги решивме финансиските проблеми и реализиравме голем број на проекти. Го менуваме Куманово во вистинска смисла на зборот и така ќе продолжиме, рече Димитриевски.

Според најавите, на престојните локални избори Димитриевки ќе настапи и со независна листа на советници, а носителка ќе биде жена.

Неговата матична партија СДСМ реши да оди со друг кандидат за градоначалник на оваа општина, а за сега не е познато кој ќе биде противникот на Димитриевски на локалните избори во октомври.

-СДСМ ќе ја даде најдобрата понуда за граѓаните на Куманово на овие локални избори, а името на кандидатот и советничката листа ќе бидат објавени наскоро. Потегот на Димитриевски го олеснува изборот на граѓаните.

Тој што им врти грб на граѓаните, на поддржувачите на демократската и прогресивната опција, на членството и базата на СДСМ, не може да биде најдобра опција за кумановци, реагираа денеска од неговата матична партија.

За СДСМ, како што потенцираа, интересот на граѓаните на Куманово бил и секогаш ќе биде пред интересот на Максим Димитриевски или бил чиј друг личен интерес.

Актуелниот градоначачник не сакаше многу да говори за случувањата во партијата, туку потенцираше дека за да има развој на демократија во општеството, мора првин да има и во политичките субјекти.

– Јас сум по убедување содијалдемократ од 95-та година и полн сум со социјалдемократска мисла и идеја во вистинска смисла на зборот и моите заложби се да се развива демократијата и во државата, но и во политичките субјекти, бидејќи ако немате развој на демократија во политичките субјекти, тогаш не можете да развивате и демократија во општеството.

Немам информации што се има случено на Извршниот одбор, но знам дека под притисок на моите сограѓани, граѓаните на Општина Куманово и голем број на истакнати социјалдемократи од Куманово денеска објавив иницијатива за собирање на една ваква граѓанска поддршка, рече тој.

Вели дека не очекува да биде исклучен од партијата, но тоа треба да одлучат органите на СДСМ.

– Уште од првиот ден го менаџирам градот и се обидувам без разлика што доаѓам како градоначалник од политички субјект, да бидам градоначалник за сите граѓани, без разлика на нивната, партиска, верска, етничка или друга припадност.

Денеска особено мотивот е поголем кај мене, бидјеќи видов голем број на луѓе кои доаѓаат од голем број политички субјекти, различни етнички заедници и различни вери и даваат поддршка на еден ваков концепт, а тоа е токму суштинскиот концепт на социјалдемократијата во нашата држава, додава Димитриевски.

МИА/Фото: Димитриевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колку изнесува највисоката просечна бруто-плата во мај

Редакција

Обвинителството побара притвор за велешанецот кој усмрти 11-годишно девојче

Редакција

Апасиев го тужи Tалат Џафери за политичка дискриминација

Редакција