Владата на денешната седница одлучи да прифати странска помош од експерти за да се утврдат причините за пожарот во тетовскиот ковид-центар.
„Владата им се заблагодарува на сите држави од регионот, од Европа и од светот, за изразеното сочувство за трагичниот настан и донесе одлука да ја прифати понудата на дел од сојузничките сили во НАТО да испратат во земјата стручни лица со највисок степен на експертиза во истраги за пожари за да помогнат во утврдувањето на причините за пожарот во модуларниот ковид центар во болницата во Тетово,“ велат од Влада.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата прогласи тридневна жалост, апелира да се откажат сите настани и партиски активности
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.