еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев: Не можете цели нации да ги оквалификувате како фашистички, не станува збор за бришење на историјата

Не станува збор за никакво бришење на историјата. Историјата вели Бугарија тогаш, монархиско – фашистичката влада донела одлука да стапи во пакт со фашистичките земји. Република Македонија во тоа време, македонскиот народ и сите граѓани кои живееле донеле одлука да се приклучат на антифашистичката борба и тука нема дилема. Никој не чепка во таа историја, изјави денеска премиерот Зоран Заев, прашан од новинарите дали нашата држава не треба да плати преголема цена во врска со постигнување договор со Бугарија.

Тој нагласи дека секоја дебата е отворена и нема причина во моментот да се води, бидејќи, потенцира, ништо не се случува и нема исчекор.

– Очекувам да се случува се после нашите избори и бугарските избори што се на 14 ноември и евентуален втор круг во Бугарија 21 ноември. Тогаш ќе седнат и ќе се решаваат работите. Но, во името на вистината кога се поставуваат прашањата, должност е да кажеме наши ставови и размислувања, народот да знае, добро да ги изнанализира, да ги сфати.

Сакам сите да знаат дека институциите се тие што ги носат одлуките, на крајот граѓаните се тие што ги носат конечните одлуки, порача Заев.

Повтори дека градењето пријателство треба да оди билатерално, сите следни чекори што ќе ги преземаме ќе бидат со давањето поддршка од страна на Бугарија кон Македонија за нашиот европски пат.

– Очекуваме зелено светло во Бугарија, се надевам час поскоро, најскоро во декември за да може да го направиме следниот получекор – првата меѓувладина конференција, рече Заев, додавајќи дека потоа следува скрининг процесот, па отворањето на кластерите.

Современа Европа, истакна Заев, ги прифатила темите, зборовите и формулациите што значат европски манири, давање шанса за иднината, на соработката, притоа не заборавајќи ја историјата и тоа што се случило. Во такви околности, подвлече уште еднаш, никој не бара, ниту некој ќе чепне што се случувало историски во тој период.

– Сите ние си го знаеме нашето минато, ги знаеме и горчините и предавствата што се случувале за времето на фашизмот, со соработката со окупаторот во тоа време и германски, италијански и бугарски, што бил овде на територијата на Северна Македонија.

Но, дали ќе стиснеме заби и ќе бидеме европејци без притоа нешто да изгубиме од нашата историја и да менуваме, туку ќе одиме со европскиот начин на комуникација и соработка и ќе дадеме шанса на идните генерации, без да обвинуваме цели генерации на наследници каде било, зависи од сите нас, рече меѓу другото Заев.

Според Заев, прашањето кога го гледаме споменикот што е симбол на тоа зло време, како што рече, кога фашизмот одземал животи, убивал деца, силувал жени, како фашизам, останува да стои, никој не го трга споменикот.

– Дали подаваме рака кон сегашните генерации и кон идните генерации е суштината на наративот што го користиме. Таму останува фашистички окупатор и нема причина некој нешто да менува, ниту пак некој бара да се смени, ниту споменик да се тргне, ниту фашистички окупатор да се тргне.

Фашизмот има карактерна особина на поединецот, на групата, некогаш и на владите. Не можете цели нации да ги оквалификувате како фашистички, изјави Заев, на денешната заедничка прес -конференција со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и заменикот-министер за финансии Димитар Ковачевски.

Зарем да се лутам на моите струмичани кои, како што појасни Заев, едно семејство го предава народниот херој Благој Јанков Мучето, друго го крие и бегајќи на влезот во паркот е убиен од страна на бугарски офицер во тоа време.

– Неговото мртво тело е влечено од влезот на паркот до сегашното струмичко корзо. Пола од народот го има плукнато за да се удвара на окупаторот. Дали тоа е причина да тагуваме за нашето минато и да останеме во нашето минато и да го оквалификуваме дека тоа било малцинство на посебни карактери на луѓе, а нашата нација е стварно антифашистичка определена и дали ќе и дадеме шанса на иднината за да ја градиме како европска, сакајќи да бидеме во Европа. Тоа се одлуките што треба ние да ги донесеме, појаснуваше премиерот Заев.

Одговарајќи на новинарско прашање Заев го повтори ставот дека со блкирањето на пристапните преговори, е прекршен членот 2 од Договорот за добрососедство, пријателство и соработка, кој вели дека Република Бугарија ќе ја поддржи Република Северна Македонија во нејзините процеси за интеграција во НАТО и во ЕУ.

– И е прекршен, таа ни направи блокада и тоа е така. Сега можеме да живееме ние со блокадата уште 27 години, како што беше со Грција. Тоа зависи како ќе одлучиме сите ние, или како што ни кажува нашиот народ, барем по истражувањата и тоа што стои, мудри политики водејќи грижа за целокупното достоинство на македонскиот народ, почитувајќи ја историјата, изнаоѓајќи ги европските начини како да  продолжи нашата земја да се движи кон европското семејство заради европските вредности, истакна Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе се менуваат учебниците каде пишува “бугарски“ фашистички окупатор

Заев: Соработници на фашизмот имавме и во Македонија, не можете да кажете дека сите биле на страната на Партизаните

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дерковски: Ќе направиме максимални напори да обезбедиме соодветна заштита на сите кои ќе учествуваат на изборите

Редакција

Твитерџиите фатија „сеир“ оти Заев се врати од Австрија со комерцијален лет

Редакција

Судските постапки нема да запрат поради корона вирусот освен кај ретки исклучоци

Редакција