еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Не само без преговори, на крај да не ни го врати ЕУ и визниот режим

Колку навистина се банални и дволични изјавите на преставниците на Европската Унија за иднината на Македонија и земјите од Западен Балкан во еден ден покажаа две стории на релевантните Ројтерс и ЕУОбсервер и тоа баш во периодот кога во посета на регионот е претседателката на Европската Комисија, Урсла фон дер Лајен, која „ги сака сите од регионов“.

Во ЕУ толку многу ја сакаат Македонија и Западен Балкан, што нејзините членки, како што објави Ројтерс, неможат да се усогласаат дали сакаат да не примат.

Не дека ние тука не знаеме дека не “мотат“ цело време.

Ројтерс ја потврди тезата дека не сите во ЕУ сакаат проширување, а тоа што е ветено веќе не важи. Не дека и тоа не го знаевме.

Демек богатите земји како Данска, Франција и Холандија, стравувале од повторување на „брзото интегрирање“, како тоа што беше со Бугарија и Романија во ЕУ во 2007 година.

Еми кој тогаш ќе им лепи плочки, ќе им бере земјоделски производи или ќе им ги чисти вецињата?

Ради пишманот со овие две земји, од која едната си игра мајтап со нас, демек членка на ЕУ, но и со кредибилтетот на Унијата, со години плаќа и ќе плаќа регион од над 20 милиони жители, кој со години сонува за ЕУ, а истиот сон им бил ветуван од челници на Унијата, исто толку време.

Дел од овие земји имаат многу подобри различни перформанси од членките на ЕУ, Грција, Бугарија или Романија, ама тоа не се брои.

Истовремено на маса повторно е вратено и укинувањето на визниот режим за државите од Западен Балкан.

Според документот во кој ЕУОбсервер имал увид, Германија, Франција и Италија биле гневни за „злоупотребата“ на визниот режим од страна на граѓани на земјите од Западен Балкан и некои други земји, кои сакаат да бидат дел од Унијата.

Според ЕУОбсервер, конкретно Македонците би можеле да и претстават проблем на Белгија каде ова лето “рипнале“ барањата од Македонија. Белгија меѓутоа чекала да види дали станува збор за изолиран феномен.

На крај да не излезе работата, старт на преговорите со ЕУ да биде најмал проблем. Да не ни ги вратат и визите!

Само да потсетиме дека од следната година за да влеземе во ЕУ ќе пополнуваме формулар и ќе плаќаме по 7 евра, бидејќи Македонија, но и сите други „трети“ земји ќе бидат дел од новиот патнички режим познат како Европски систем за патни информации и одобрување (ЕТИАС), кој треба да стапи во сила до крајот на 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУОбсервер: Доведен во прашање слободниот визен режим на Западен Балкан со ЕУ

Ројтерс: ЕУ веќе не е усогласена за гаранциите за членство на шесте земји од Западен Балкан

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+Галерија) Владата буквално падна, ама во новата серија Black Ops: Погледнете го трејлерот и неговата промоција

Редакција

(Видео) Сторијата на ИРЛ, „Нечиста крв“ ја шокира Македонија, Обвинителството оформи предмет

Редакција

УЈП вработува 35 лица, плата до 36.445 денари

Редакција