еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Проф. Трајковски: Во Куманово често гледаме над 40% позитивни тестови на Ковид-19, пораст на бројките и во Гевгелија

Ви ја пренесуваме последната анализа на проф. Дејан Трајковски, кој на неговиот Фејсбук-профил редовно ја анализира состојбата со Ковид-19 во Македонија.

“4.10.2021. Ефективниот репродукциски број Rt продолжува да си поигрува со единицата (на дијаграмот на првата слика), а преносливоста се почесто се обидува да премине од областа на забавување во забрзување на епидемијата.

Во неделата и понеделникот имавме необични броеви.

Неделните броеви беа потпросечни, додека понеделничките речиси двојно над очекуваните.

Доколку тоа се должи на заборавени тестирања од неделата, не е толку страшно.

Но, ако понеделничките броеви се реални (од тестирањата во недела), тогаш тоа може да значи ново разгорување. Вторничните резултати ќе кажат поточно за што се работи.

Подвижната средина на дневниот број на случаи (портокаловата линија на вториот дијаграм, во крукчето) сé повеќе се израмнува, иако сé уште покажува многу слаб надолен тренд.

Стапката на позитивни тестови никако не сака да се намали, а во некои градови гледаме загрижувачки стапки.

На пример, во Куманово често гледаме над 40% позитивни тестови, што предизвикува загриженост.

Гледаме пораст на броевите и во Гевгелија, нашата највакцинирана општина, што исто така не ни влева сигурност.

Во врска со хоспитализациите, ИЈЗ известува за само 600 активно хоспитализирани, но тука се забележува голема нелогичност.

Вкупниот број на лица кои досега влегле во болниците (добиен како збир на досега испишаните, досега починатите и активно хоспитализираните) неделава е помал од претходната недела, што е невозможно.

Тоа значи или 1.) сегашниот број на хоспитализирани е поголем од 600 или 2.) претходната недела бројот на хоспитализирани бил помал од 774 (бил на пример 724).

Никој не знае како ги наоѓаат и дали воопшто ги контролираат овие броеви, но дефинитивно има грешка, а со грешни броеви се нарушува целото прогнозирање,“ пишува Трајковски во анализата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проф. Трајковски: „Eфективноста на вакцините против смртен исход, сé уште не покажува знаци на намалување“

Проф. Трајковски: Моментално се заразува со Ковид-19 во Скопје, Велес, Кавадарци, Штип и Кочани, во Битола бранот не ни почнал

Проф. Трајковски пресмета колку е реалната смртност од Ковид-19

Фото: Фејсбук/Трајковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Активисти тврдат дека уличните кучиња во Битола се заловуваат под изговор дека се опасност за ширење на корона вирусот

Редакција

Доктор Даниловски: Зошто баш ние шампиони во смрт од Ковид-19 да бидеме?

Редакција

Патниците што имаат летови на 7 мај, да проверат кога најдоцна можат да стигнат на аеродром

Редакција