Од 82 проценти од обработените податоци за градоначалник на Град Скопје, според податоците објавени на веб страницата на Државната изборна комисија (ДИК), независната кандидатка, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска има 37,28 проценти од гласовите, а кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов – 34,96 отсто.
Потоа следи Перо Георгиевски од Левица со 8,58 процент, Арбен Шаќири од ЛДП/ДОМ – 4,04 проценти, Ана Петровска од Зелен хуман град – 3,91 проценти и Александар Тортевски од Твоја Партија – 1,07 процент.
Излезноста е 48,77 проценти.
За Совет на Скопје најмногу гласови има ВМРО-ДПМНЕ – 33,91 проценти, потоа СДСМ – 22,39, ДУИ -13,17, Левица – 8,38, АА/А – 5,63, ЛДП/ДОМ – 3,85, Зелен хуман град – 3,58, БЕСА – 1,13 отсто, а останатите се под еден процент.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг доби тројца градоначалници во скопските општини, СДСМ ни еден
Детален преглед: Избрани 26 градоначалници во првиот круг
Пецков пред Георгиески: Охрид ќе добие градоначалник во вториот круг
МИА/Фото: ССК