еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО ТОП СТОРИИ

Од наредната година Србија, Македонија и Албанија со единствена работна дозвола

Граѓаните на Србија, Северна Македонија и Албанија од идната година може да се сметаат на единствена работна дозвола и единствен информативен систем, соопшти денеска претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж.

Според Чадеж, како што јави дописникот на МИА од Белград, во сите три земји се гледа политичка волја, а направени се и многу конкретни работи.

-Поради тоа денеска очекувам добри вести. Се усвојува патоказ со многу специфични задачи – што да се направи за ниту еден камион да не застанува повеќе на границата, а тоа е она што ни овозможува да растеме, ни овозможува раст на економијата.

Имаме проблеми со работната сила. Пазарот на трудот станува навистина проблематичен. Мора да најдеме, за да го прошириме бизнисот, да правиме нови зделки, треба да имаме простор каде ќе ја реализираме работата и луѓе со кои ќе ја реализираме работата.

Превозот е се поскап, а она што е веќе направено во рамки на Отворен Балкан, го скрати патот од почетокот на иницијативата до денес меѓу овие три земји – патот на камиони, стоки кои почнуваат да излегуваат од Албанија и да стигнуваат до Србија, за цел ден, што им заштеди пари на компаниите, нагласи Чадеж пред денешната средба во рамки на иницијативата Отворен Балкан и додаде дека иницијативата Отворен Балкан е клучна за опстанокот на економијата и работните места во Србија.

Тој најави дека на денешната средба ќе присуствуваат 22 компании од Србија, Албанија и Северна Македонија од различни области.

-Ќе има компании од секторите земјоделство, метална индустрија, електроника, информатика, градежна индустрија. Самите велат, ова ни е потреба. Оние со кои разговараме денеска вработуваат 50.000 луѓе и се заинтересирани да продолжат понатаму. Сфатија дека оваа иницијатива навистина има смисла, истакна Чадеж.

Негова оценка е дека иницијативата опстојува иако премиерот Зоран Заев „го нема“ и Северна Македонија ќе ја претставува вицепремиерот Никола Димитров.

– Она што е добро од иницијативата е што администрациите учествуваат со полна сила. Имав можност да видам како се координираат и ние сме дел од тој координативен механизам за усогласување на сите договори – од работни дозволи до проток на стоки и навистина можете да видите колку јавната администрација во сите земји се обидува да направи што повеќе договори, рече Чадеж.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Домаќинот на „Отворен Балкан“, Вучиќ ги пречека Димитров и Рама во Белград

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерката Петровска од Софија: Бугарија има сојузник на западната граница

Редакција

Во Белград плакати со Трамп и карта на „Голема Србија“ во која е и Македонија

Редакција

Наместо подароци за 8. март донирајте за Срна, Кара, Леонид, Јани…

Редакција