еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Оставките не се верификувани, БЕСА се уште е дел од Владата, вели Заев

Оставките на функционерите на Движењето БЕСА се уште не се верификувани, што априори значи дека тие се уште се дел од Владата, вели премиерот Зоран Заев во изјава за „Слободен печат“.

– Нормално дека БЕСА е дел од Владата. Собранието ја нема констатирано оставката на министерот Арјанит Хоџа, ниту пак на другите раководни лица од БЕСА. Затоа и логично е да каже дека се дел од влада, изјави Заев.

Дека БЕСА се уште е дел од Владата, смета и пратеникот Кастриот Реџепи, кој не се појави на собраниската седница на 11 ноември за гласање доверба на Владата.

„Движењето БЕСА не е излезено од Владата, бидејќи нема одлука. Ниту се влегува во Влада, ниту се излегува со изјава, прес или Фејсбук статус. Јас сум потпретседател на БЕСА и знам кој е органот што одлучува,“ изјави Реџепи.

Оставки од функциите, на 12 ноември поднесоа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, заедно до двајцата заменици-министри од движењето БЕСА.

Оставките, како што изјави тогаш Хоџа, ги поднеле како морален чин и почитување на органите на движењето БЕСА.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

52 % од девојчињата на 15-годишна возраст страдаат од од повеќе психосоматски симптоми истовремено

Редакција

Новиот позитивен на Ковид-19 во Кавадарци е син на претходно заболен

Редакција

Групата на Палевски, неофицијално, имала списоци за изнуди и ликвидации, вели Ременски

Редакција