еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мистерија дали има уште еден преживеан: Пронајдени 44 тела, преживеан патник тврди дека спасил осум лица, велат од бугарското Обвинителство

Портпаролката на главниот обвинител на Бугарија, Сијка Милева, денеска на прес-конференција со заменик-јавниот обвинител на Бугарија, Борислав Сарафов изјави дека на местото на трагедијата се пронајдени 44 тела.

Таа информира дека се сретнала со преживеаниот маж, кој и раскажал како го скршил стаклото на автобусот и рекол дека спасил осум лица, а не седум.

– Ние пронајдовме 44 трупа, а тој категорично изјави дека се спасени осум лица. Јас му реков вие сте седум во болницата. И тој категорично ми рече не, ние се спасивме осум лица.

Во текот на истрагата, беа пронајдени 44 трупа. Според податоците со кои располагаме, патувале 52 лица, ние пронајдовме 44 тела, а се хоспитализирани седум лица – четворица мажи и три жени.

Останува големата загатка, каде е осмото лице. Работиме на таа верзија, не сакаме да шириме дезинформации, може да се работи и за лошо сеќавање на сведокот, истакна Милева.

Таа додаде дека сведокот потоа бил испрашан од истражители во присуство на преведувач и тој повторно категорично тврдел дека се спасиле осум луѓе.

– Јас бев на местото на инцидентот и ги видов јагленисаните трупови, глетката беше ужасна, потешка беше ситуацијата кога заедно со главниот обвинител на Северна Македонија и обвинителката за гонење организиран криминал и корупција ја посетивме болницата „Пирогов“, каде беа сместени седум од повредените.

Истите беа во добра физичка состојба, но психички беа во многу тешка состојба. Секој беше во одделна соба во одлични услови и за нив се грижат најдобрите лекари во земјата, рече Милева.

Таа информира дека главниот обвинител одлучил уште денеска да нареди на врховното административно обвинителство да изврши проверка на патната сигнализација и на поставените сообраќајни знаци на магистралните и на главните патишта на територијата на целата земја.

Во оваа проверка, додаде Милева, ќе бидат вклучени како бугарски, така и меѓународни експерти, како и стручњаци од невладини организации.

– Ако во текот на проверката се соберат податоци дека се извршени казнени дела од општ карактер, тие ќе бидат испратени на обвинителството кое ќе бара кривична одговорност на виновните лица.

Доколку во текот на проверката се утврди дека се извршени прекршувања, тоа ќе се испрати на министерскиот совет, при што извршната власт ќе ги утврди своите надлежности согласно законот, рече Милева.

Сарафов исто така потврди дека на местото на несреќата се пронајдени 44 тела.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорот на судска медицина Александар Станков, контра бугарските обвинители: Видов 44 целосни тела и делови од 45 тело

Бугарско обвинителство: Аутопсиите покажуваат дека сите загинати во несреќата во Бугарија починале од задушување, а не од ударот

Бугарското обвинителство ги отфрли верзиите за терористички акт и туби со нафта, како можна причина за несреќата во Бугарија

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова реалност: Купена облека ќе пробуваме дома, во ресторан разделени со плексиглас, на забар ќе ни мерат температура

Петре Димитров

Убава вест: 363 оздравени од Ковид-19

Редакција

Грејната сезона продолжува поради влошените временски услови

Редакција