еМагазин
Image default
Техно

Од 12.000 кандидати, НАСА избра 4 жени и 6 мажи за астранаути

Изборот на американската Национална воздушно-вселенска администрација за нови астронаути заврши. Од 12.000 кандидати, избрани се 10, соопшти НАСА.

– Секој од нив има одличен склоп од неопходни квалитети, но заедно го отелотворуваат кредото на нашата земја: E pluribus unum – еден од многуте!, рече шефот на НАСА, претставувајќи ги идните астронаути.

Меѓу 10-те регрути има четири жени и шест мажи, при што најмладиот кандидат за астронаут има 32 години, а најстариот – 45 години. Повеќето од идните астронаути се поранешни воени лица.

Обуката на регрутите ќе започне во јануари 2022 година и ќе трае околу две години. За тоа време тие ќе треба да го совладаат рускиот јазик, да се запознаат со работата на Меѓународната вселенска станица, да се подготват за идните вселенски патувања и да вежбаат управување со авионот за обука „Т-38“.

По завршувањето на обуката, астронаутите ќе учествуваат во различни мисии и на вселенски бродови на приватни компании и на вселенското летало Орион на НАСА.

Според агенцијата, од 1959 година, кога е избран првиот состав астронаути, 360 Американци биле обучени за летови во Вселената. Од нив, 48 се дел од сегашниот корпус астронаути.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инвертер клима уред или Old-school печка: Кој е вистинскиот избор за ладните денови?

Редакција

(ВИДЕО) Заврши драмата: Остатоците од кинеската ракета паднаа во Индискиот океан

Редакција

А1 Македонија воведува eSIM – Ново дигитално искуство

Редакција