еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Најголем дел од починатите од Ковид-19 имале кардиоваскуларни болести

Податоците на Институтот за јавно здравје, заклучно со 19 декември покажуваат дека најголем дел од починатите од Ковид-19 во Македонија се на возраст над 60 години (n=6.412; 81,9%), со највисок специфичен морталитет – 1.474,3/100.000 жители.

“Регистрирани се 4.642 (59,3%) смртни случаи кај лица од машки и 3.183 (40,7%) кај лица од женски пол.

Кај 5.973 (76,3%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларни (n=4.925), дијабет (n=2.022) и белодробни (n=927).

Регистрирани се 7 смртни случаи кај бремени жени и 38 смртни случаи кај здравствени работници.

Од смртните случаи, 533 (6,8%) починале во вонболнички, а 7.292 (93,2%) во хоспитални услови“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

40-годишна жена во Македонија истовремено заразена и со Ковид-19 и со грип

Три лица биле на возраст од 30 до 49 години: Минатата недела 66 смртни случаи од Ковид-19

Раст од 38,5%: Минатата недела 36 лица по вторпат заболеле од Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Беким Сали, кој ќе ja води Алтернатива, откако Гаши се повлече од лидерската позиција за да стане претседател на Собранието

Редакција

Стапката на смртност од корона вирусот кај нас е 4,1 проценти, а во светот 6,2

Редакција

Османи вели дека со Чернева, за која има истрага за оддавање државни тајни на Македонија, се воделе најтешките преговори

Редакција