еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Шестмесечно бебе почина од Ковид-19, имало вродена аномалија на черепот

Институт за јавно здравје (ИЈЗ) денеска во извештајот доставен до Министерство за здравство пријави починато дете на шест месечна возраст, кое во регистарот Мој Термин е заведено дека починало на 3 јануари.

„Според податоците добиени од Клиниката за детска хирургија, станува збор за дете со вродена аномалија на черепот. Доенчето е примено на Клиниката за Неврохирургија заради оперативна интервенција.

По добивање на ковид позитивен тест, детето е ставено во изолација на респираторна машина и е ординирана соодветна терапија. Со цел постоперативно третирање детето е хоспитализирано на Клиника за детска хирургија.

По континуиран период на лоша општа состојба (со настаната респираторна и хепатална инсуфициенција и тестови со наод во прилог на дисеминиранта интраваскуларна коагулопатија) во текот на престојот на Клиниката, на 03.01.2022 доаѓа до дополнително влошување на општата состојба.

Лекарите на Клиниката ги превземаа сите мерки за интензивно лекување и  реанимација, но и покрај тоа за жал малиот пациент заврши летално,“ информираат од Министерство за здравство.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: Петков да дозволи регистрација на ОМО Илинден – Пирин, тогаш ќе верувам дека не го спорат нашиот идентитет

Редакција

Моторџиите на протестот порачаа: Обвинителите и судиите со одлуките за условни казни, директно влијаат на хаосот на улиците во кои гинат невини луѓе

Редакција

Боки на рака му напиша писмо на Јовески, бара да биде изведен пред него

Редакција