еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Рот: Бугарија да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права и да го признае македонското малцинство

Денешната средба на премиерите на Бугарија и Северна Македонија, Кирил Петков и Димитар Ковачевски во Скопје ја поздрави и поранешниот германски министер за Европа и актуелен пратеник во Бундестагот, Михаел Рот, кој на својот Твитер профил објави дека Бугарија конечно треба да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права и „да признае македонското малцинство во Бугарија“.

– Многу е добро што се среќаваат новите премиери на Бугарија и на Северна Македонија. Како што Северна Македонија признава бугарско малцинство, конечно Бугарија мора да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права и да признае македонско малцинство во Бугарија.

Во ЕУ ниту една земја не смее да одлучува за јазикот и културата на друга земја, објави Рот на Твитер.

Михаел Рот беше државен министер за Европа од 2013 до 2021 година во владите на германската канцеларка Ангела Меркел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не е наше да кажуваме какво малцинство има во Бугарија, вели Маричиќ за изјавата на Петков дека нема Македонци

Во Бугарија има и ќе има Македонци, му порача на Петков од ОМО Илинден – Пирин

Во Бугарија нема Македонци, вели бугарскиот премиер Петков

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска: На Рашковски фирма му се „оддолжила“ за незаконско право за градење со автомобил од 50 илјади евра

Редакција

Обвинителство со детали за притворот за Камчев

Редакција

Одобрени буџетски средства за решавање на проблемите со Преспанското и Дојранското Езеро

Редакција