Поранешниот бугарски премиер и лидер на најголемата парламентарна опозициска партија, Бојко Борисов, за време на посетата на Силистра, коментираше дека се важни историските прашања, историјата, работата на учебниците, натписите и спомениците.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Борисов потсети на напорите на Бугарија направени уште од времето на претседателот Жељу Желев до потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, поддржан од сите политички партии во Бугарија.
Во него, според Борисов, е кажано што треба да се направи и какви комисии треба да има.
Тој рече дека вчера дознал „оти Република Северна Македонија нема да има територијални претензии кон Бугарија“.
-Толку години пред мене ниту еден македонски политичар не си дозволил да каже такво нешто – дека се откажуваат и нема да имаат територијални претензии кон Бугарија, рече поранешниот премиер, потсетувајќи дека Бугарија прва ја поддржа Република Северна Македонија за влез во НАТО, прва ја призна нејзината независност и сака таа да влезе во ЕУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За Петков посетата на Македонија била огромен успех
Средба Ковачевски-Петков: Бугарија се согласила на употреба на краткото име Северна Македонија
МИА/Фото: Влада