еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Наредните денови раст на температурите, в сабота северен ветер и снег во западните делови

До петок ќе се задржи стабилно време со пораст на температурите. В петок кон крајот на денот и в сабота претпладне во западните делови ќе има локални врнежи од снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утринските температури утре ќе се движат од минус 1 до минус 11 степени, а дневните од 1 до 9 степени. Во Скопје утринската температура утре ќе достигне до минус 6, а дневната до 6 степени.

В сабота ќе дува засилен северен ветер, што повторно ќе ја намали дневната температура. Нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во вторник, информираат од УХМР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пиљар одржа лекција по солидарност: Бесплатна марула и два килограми лимони за 150 денари

Редакција

(ГАЛЕРИЈА) Се урива галијата кај Холидеј Ин

Редакција

Со NLB Smart POS, мобилниот телефон станува ПОС терминал

Редакција