еМагазин
Image default
Ретро ТОП СТОРИИ

Ретка видео снимка од пренесувањето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје

Македонија денеска слави 150-годишнина од раѓањето на македонскиот револционер Гоце Делчев.

Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола.

Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

Како член на ТМОРО, беше наречен апостол на револуцијата. Како голем хуманист, учител и борец, организирајќи ја борбата за слобода на македонскиот народ, тој ја обиколил целата држава.

Противниците на македонското револуционерно дело во Гоце Делчев гледале најголем непријател и се обидувале на секој начин да го ликвидираат.

Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија.

На 4 мај во 1903 година бил убиен од турска војска во селото Баница, на пат кон Сер.

По смртта, на иницијатива на началникот на серскиот гарнизон Тефиков, била дадена наредба неговото тело да се однесе во серската општина и таму да се погребе.

Но, и од Солун била испратена заповед телото да се врати во селото Баница и Делчев таму да биде погребан.

Три години подоцна, моштите на Гоце се ископани од страна на неговиот соборец Михаил Чаков и ставени во олтарот на црквата во селото Баница, а во 1917 година тој самоиницијативно ги пренел во Софија.

Подоцна, ставени во специјален дрвен резбан саркофаг, на кој била испишана пораката „Го заколнуваме поколението, овие свети коски да се однесат во престолнината на слободна и независна Македонија“, ги презела Илинденската организација.

Тогаш саркофагот бил изложен во црквата “Света Недела” во Софија. Илинденската организација во Софија повеќе од четврт век ги чувала моштите на Гоце, сè до октомври 1946 година.

Така, точно 43 години (1903-1946) по смртта на Гоце Делчев, во заеднички компромисен и толерантен договор, меѓу македонската и бугарската власт во 1946 година, моштите на великанот Гоце Делчев тргнале на патешествие од Софија кон Скопје.

Саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев од 1946 година се наоѓа во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стојанче Ангелов: Гоце Делчев бил Бугарин онолку колку што се Бугари, Македонците кои денес имаат бугарски пасош

„Не постои ни еден документ дека Гоце Делчев се залагал за обединување на Македонија кон Бугарија„: Реакција на Здружението на историчари на Македонија

Епископ Партениј: Гоце Делчев духовно и културолошки со сигурност не им припаѓа на оние кои преку социјалните мрежи истураат зборови полни со навреди, злоба и омраза

Фото: Влада/Видео: Youtube/Македонија во слики/Mungos 80

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Кој се ќе добие платежни картички од Владата?

Редакција

(Видео) Пратеник на Левица го искрши мониторот и микрофонот на заменик претседателот на Собранието, Мисовски

Редакција

Соколовска: Herba Health содржат целосен спектар на активни состојки од билките, екстрахирани на телесна температура

Силвана Жежова