еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ковачевски го осуди чинот на отворена воена агресија од Русија врз Украина

Го осудувам чинот на отворена воена агресија од страна на Русија врз Украина. Војната е најлошиот начин за решавање на недоразбирањата, а агресијата врз Украина е закана и за европскиот и светскиот мир, напиша премиерот Димитар Ковачевски на неговиот Фејбук профил.

– Владата ја следи многу внимателно состојбата во Украина. Безбедносната состојба во нашата земја е стабилна и во овој момент не постои дирекна закана за безбедноста на Северна Македонија, напиша Ковачевски.

Покрај безбедносната состојбата, напиша премиерот Ковачевски, Владата одблиску ги следи и промените во светските економски текови кои се дестабилизирани од новонастанатата состојба.

– Владата како и досега ќе делува максимално одговорно и во најдобар интерес на заштита на домашната економија и финансиската состојба на граѓаните, истакна Ковачевски во објавата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски: Силна осуда за воените дејствија кои Русија ги презема над Украина

Османи го осуди нападот на Украина

Пендаровски закажа седница на Советот за безбедност за Украина

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МНР апелира македонските државјани во најскоро време да ја напуштат Украина

Редакција

Заклучоците на Собранието ќе бидат водилка на оваа и на идните влади во ЕУ процесите, вели Ковачевски

Редакција

(ГАЛЕРИЈА) Македонскиот модел Ивана Манас учествуваше на ревија на Долче и Габана во Милано

Редакција