еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нема повредени македонски граѓани, продолжуваат напорите за нивно извлекување од Украина, велат од МНР

Во моментот продолжуваат напорите за извлекување на нашите државјани од Украина. Во директен контакт сме практично со сите пријателски земји и сојузници, и во моментов тоа е наш врвен приоритет, велат од Министерството за надворешни работи (МНР).

Оттаму посочуваат дека во Украина состојбите стануваат сѐ посложени, но, информациите во моментот говорат дека ниту еден наш државјанин не е повреден, ниту се наоѓа под директна закана за својот живот.

– Информациите се менуваат од час во час, и истите во овој момент ниту од безбедносен, ниту од практична причина не можеме да ги споделуваме. Очекуваме поцелосна информација со завршување на денот, и истите потоа ќе бидат објавени, велат од МНР.

Оттаму посочуваат дека поради бројните појавени прашања за состојбите во и околу Украина, со посебен фокус кон состојбата на нашите државјани, Министерството за надворешни работи одблиску ја следи состојбата и ги вложува сите напори за да им излезе во пресрет на нашите државјани кои имаат побарано асистенција за нивна евакуација.

– Дозволете да информираме дека Министерството за надворешни работи навремено информираше за влошувањето на безбедносната состојба со постојани апели за напуштање на Украина додека тоа беше сѐ уште изводливо, нешто што над 20 наши државјани го искористија, велат од МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија ќе донира воени средства и опрема за вооружените сили на Украина

(Видео) Ќе му се даде ли шанса на мирот: Денеска преговори Украина-Русија

(Видео) Снимка која го обиколи светот: Украински жител до руските војници: „Имате своја земја, што барате тука„

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што велат грчки владини извори за заклучоците на ЕУ за Македонија, Турција и Албанија

Редакција

Шведска за неколку дена ќе поднесе апликација за членство во НАТО

Редакција

Ида Мантон за „францускиот предлог“: Подобрете го договорот за да ја спасите Европа од самата себе

Редакција