еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Тешко повреден пешак од Кавадарци починал во Клиничкиот центар во Скопје

Пешакот кој синоќа се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрило патничко возило починал во комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје, информираат утрово од МВР за МИА, пренесувајќи детали за сообраќајната несреќа во новиот центар на градот.

-Синоќа во 20.55 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на крстосницата од улица „Никола Минчев“ и булевар „Македонија“ во Кавадарци, патничко возило „тојота ланд крузер“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(21) од Кавадарци удрило во П.Ч.(83) од Кавадарци.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил П.Ч. и бил пренесен во Општата болница Кавадарци, а подоцна и во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде во 00.05 часот починал, соопштуваат од МВР.

Бил извршен увид на местото, а по наредба на јавен обвинител, на телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Караџовски: Ако некој знае нова мерка нека ни ја каже и ние како здравствена комисија ќе ја прифатиме

Редакција

11 партии не доставиле финансиски извештаи за кампањата за локалните избори во 2021 година, открива Државна ревизија

Редакција

(Фото) „Спасете ја Газа“: Во Скопје протест за поддршка на палестинскиот народ

Редакција