еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Досега загинаа 1.900 цивили, од кои 52 деца: ОН бара истрага за цивилните жртви и штетите во Украина

Потсекретарката на Обединети нации за политички прашања, Розмари Ди Карло синоќа побара истрага и одговорност за масовните жртви и уништувањето на стотици домови, училишта, болници и друга цивилна инфраструктура за време на руската инвазија врз Украина.

Таа пред Советот за безбедност на ОН изјави дека „меѓународното хуманитарно право е кристално јасно“ во забраната за напади врз цивили и обезбедувањето нивна заштита.

Ди Карло ги наведе најновите податоци на Канцеларијата за човекови права на ОН: од почетокот на војната до 15 март загинале 1.900 цивили, од кои 52 деца, а 1.174 се повредени.

– Според проценките на Програмата за развој на ОН (УНДП), доколку војната продолжи, 90 отсто од населението на Украина ќе се соочи со сиромаштија и екстремна економска ранливост, додека земјата и соседниот регион ќе се вратат децении наназад, посочи Дикарло.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Војната во Украина во Европа ја зголеми побарувачката за оружје од американско производство

(Видео) Како Украинците му одаваат почит на загинат војник, снимка која го обиколи светот

МИА/Фото: Украинско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

12 милиони евра ќе чини реконструкцијата на Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје

Редакција

Антикорупциска отвори предмет за Артан Груби

Редакција

Уставни измени: Името Македонија во Уставот треба да се смени 288 пати

Редакција