еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Попис: Вкупното население во Македонија намалено, просечната старост 40,08 години, повеќе жени од мажи

Пописот спроведен во 2021 година покажа дека во однос на 2002 година вкупното население во државата е намалено за 185.834 лица или за 9,2 отсто, а бројот на домаќинствата е зголемен за 34.336 или за 6,1 отсто.

Зголемен е и бројот на станови за 141.031 или за 20,2 отсто.

Како што соопшти директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, презентирајќи ги резултатите, просечно домаќинство брои 3,06 члена.

Бројот на станови изнесува 839.174.

Густината на населеност на еден километар квадратен е 72,2 лица, а просечната возраст на населението е 40,08 години.

На 1.000 жени има 984,3 мажи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Попис: Зголемен бројот на жители и станови во Скопје

Попис: Македонија има вкупно население од 2.097.319 лица од кои 54,21% Македонци и 29,52 Албанци

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Како се славеше победата на Аргентина во Буенос Аирес

Редакција

Бугарскиот европратеник Џамбаски нема да биде прогласен за персона нон грата

Редакција

Естонија го ратификува Протоколот за НАТО

Редакција