По објавувањето на истрагата од страна на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири си поднесе оставка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Отворена истрага за генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири, се бара притвор
“Низ мојот работен век секогаш сум го одбирал вистинскиот пат, патот на чесноста, праведноста и вистината. На овие мои животни вредности сакам да останам доследен.
Затоа, како човек со личен интегритет, ја поднесувам мојата неотповиклива оставка од функцијата Генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија.
Верувам во институциите на системот, верувам во правичноста и праведноста и верувам дека вистината ќе излезе на виделина. На сите институции им стојам на располагање во секое време, за да ја докажам мојата невиност.
Почитуван претседателе, Ви благодарам на укажаната можност да бидам дел од Вашиот владин состав и Ви благодарам што верувате во мојата заложба и посветеност во работата“, напиша Зекири на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рускоска за истрагата за Зекири: Имаме податок каде се парите
Фото: Зекири/Фејсбук