Побарување од страна на неговите партнери да се откажат од грантот нема да го амнестира од одговорност. Одговорност за неговата постапка мора да има и како што можевте да чуете тоа е дело казниво со најмалку 3 години затвор.
Ова денеска го одговори портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на новинарско прашање во врска со изјавата на вицепремеирот Кочо Анѓушев дека ќе бара фирмите во кои тој се јавува како ко-сопственик да се откажат од парите добиени од Фондот за иновации.
„Ќе се обидам најпросто да ви дадам една паралела за да може да сфати целата јавност. Тоа ви е исто како еден крадец кога ќе влезе во банка и кога ќе се обиде да ги ограби парите од банката да ги изнесе надвор. Ако го фатат ќе каже еве ви ги париве само сакав да видам дали функционира системот. Доколку не го фатат ќе избега со парите и ќе ги потроши. Ист е случајот со Кочо Анѓушев“, рече Арсовски.
ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ
ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Анѓушев ја претвораат државата во сопствена фирма