Витаминка АД Прилеп во информација објавена на Македонската берза, ги објави имињата и биографиите на кандидатите за членови на Одборот на директори на компанијата.
Кандидати се Симон Наумоски, неизвршен член, Сашо Наумоски, член, Благоја Ѓорѓијовски, неизвршен член, Маја Кадиевска Војновиќ, неизвршен член, како и Горан Трајковски, кој на јавноста и е познат пред се како поранешен прв човек на Управата за јавни приходи (УЈП), како неизвршен член.
Во нивните биографии се објавени и податоци за тоа колку акции поседуваат во компанијата.
Симон Наумоски поседува 29,48% од вкупниот број акции или вкупно 22.804 обични акции и е најголем поединечен акционер.
Сашо Наумоски поседува 7,03% од вкупниот број акции или вкупно 5.390 обични акции.
Ѓорѓијовски, Војновиќ и Трајковски не поседуваат акции во Витаминка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поранешниот директор на УЈП, Горан Трајковски влегува во Одборот на директори на Витаминка
Витаминка лани работела со добивка
Фото: Витаминка