еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бензините поскапуваат за два денари, дизелот поевтинува за еден денар

Цената на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за два денара за литар, а дизелот поевтинува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,88 отсто.

Новата малопродажна цена на „Еуросупер БС-95“ изнесува 90,5 денари за литар, „Еуросупер БС-98“ ќе се продава за 92,5, а на дизелот за 89,5 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува и останува 87,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,261 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 53,848 денари.

Како причина за промената на малопродажни цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар кај бензините во просек за 3,129 отсто и намалените кај дизелот за 0,958 отсто, како и за 0,223 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Битолчанец избегал од регионалниот ковид-центар, а потоа починал од Ковид-19

Редакција

„Во Врање се слушна кога дадоа гол“: Македонските фудбалери главна вест во регионот и во светот

Редакција

Паѓаат маските: Разочараност или страв од опозиција кај ДУИ?

Редакција