еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

(Видео) Шолц од Софија: Македонија мора да ги исполни сите услови

Германскиот канцелар Олаф Шолц, кој денеска беше во посета на Македонија, попладнево од Софија на заедничка прес конференција со бугарскиот премиер Кирил Петков, меѓудругото порача дека Македонија мора да ги исполни сите услови, за да почне преговори со Европската Унија, кои се се блокирани од нашиот источен сосед.

„Северна Македонија мора да ги исполни сите услови. Северна Македонија и Бугарија се подготвени да тргнат по овој пат. Постои големо заедничко разбирање за тоа како работите треба да функционираат. Проблемот е како да стигнете таму.

Важно е да разговараме за овие прашања и да вложиме енергија за да се справиме со овие прашања. Никогаш не се знае каков ќе биде исходот. Но, бидејќи сите парламенти и шефови на влади знаат дека се одговорни, мислам дека ќе направиме напредок. Вреди да се вложи труд“, рече Шолц.

Петков пак потсети дека за да се тргне ветото за Македонија, таа треба да исполни три приоритетни услови – да гарантира вклучување на Бугарите во уставот, да ја почитува рамковната позиција на Бугарија и Договорот за добрососедство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што пишува во рамковната позиција на Бугарија, еден од трите услови на Петков за да се тргне ветото

(Видео) Рама на шега го престави Ковачевски на Шолц како “премиер на западна Бугарија„

Фото: Влада/видео: бугарска Влада/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија во ОН гласаше воздржано за Резолуцијата со која се бара од Израел да го прекине незаконското присуство на окупираната палестинска територија

Редакција

Добрососедските односи остануваат суштински: Советот на ЕУ ги усвои заклучоците за проширувањето за Македонија

Редакција

Убава вест: Оздравени нови 70 заболени од корона вирусот, најмногу од Скопје, Свети Николе и Гостивар

Редакција