еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пратеникот на ДУИ, Адеми се извини за инцидентот, ама смета дека не е виновен

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Арбер Адеми денеска изрази жалење за вчерашниот инцидент на седницата на Комисијата и очекува ваквите ситуации да не бидат поттик за судир во Собранието.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Насилство во Собрание: Адеми од ДУИ со шолја за кафе го погоди Азири од Алијанса, а Милошески од ВМРО-ДПМНЕ со шише

– Пред сѐ, жалам за она што се случи синоќа на седницата на Комисијата за европски прашања и изразив жалење за сите оние сцени испровоцирани од опозицијата што се случија, а кои не требаше да се случат, вели Адеми во изјава за Слободен печат.

Такви сцени, додаде тој, не треба да се повторат ни од опозицијата, ни од кој било друг.

– Жалам за ваквите сцени и очекувам ваквите моменти и ситуации да не бидат поттик за судир во Собранието. Реформската агенда на ова парламентарно мнозинство, но и на Владата мора да продолжи, не смееме да станеме плен на нивните провокации кои се во функција на реализација на странски агенди за дестабилизација на државата, но и за дефокусирање на граѓаните и на пошироката јавност од интеграциските процеси, рече Адеми.

Адеми нагласи дека пратениците од опозицијата се обиделе да го спречат гласањето за дневниот ред и оти имало насилство врз него. За целиот инцидент, според Адеми виновен е пратеникот Антонио Милошоски.

– Насилство имаше врз мене, бидејќи јас бев на моето работно место. Сите пратеници имаат партиска агенда, но таа не смее да биде на штета на институциите и граѓаните. Додека го држев микрофонот на сила ми го зедоа и физички ме повредија. Овие сцени се за жалење, потенцира Адеми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Адеми од ДУИ кој гаѓаше пратеници со шолја и шише во Собранието

Адеми од ДУИ на „тапет“ на Твитер за инцидентот во македонското Собрание

„Летаа филџани и шишиња во македонскиот Парламент“: Адеми од ДУИ стана регионална ударна вест

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поевтинува мазутот, цените на бензините остануваат исти

Редакција

(Фото) Силјановска го посети штабот на Пендаровски, кој ја пречека?

Редакција

(Видео) Пендаровски во Њујорк ја одликуваше со орден Организацијата на ОН за подршката по скопскиот земјотрес

Редакција