еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Приведено уште едно лице за инцидентот кај Скендербег, кое пукало со пиштол

Од страна на Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни деликти при СВР Скопје приведен е Р.А. (29) од Скопје, осомничен дека на 6 јули годинава околу 19:30 часот на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје поточно на плоштадот Скендербег, испукал со пиштол.

Од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал, соопштија денеска од МВР, извршен е претрес во неговиот дом, пиштолот е одземен, а во координација со јавен обвинител против Р.А. е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” предвидено и казниво по чл.288 од Кривичниот законик.

Денеска лицето е изведено пред Судија на претходна постапка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Бум“ во работењето на инвестициските фондови во Македонија минатата година

Редакција

Паричката во семејството на Заев се паднала во делот на работата

Редакција

(Галерија) Протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за здравство: „Да го измиеме срамот на Филипче“

Редакција