еМагазин
Балкан

Во Србија запленети 23 тони шверцувано месо од Бразил

Српската ветеринарска инспекција заплени и уништи 23 тони јунешко месо, кое во Србија било прошверцувано од Бразил.

Како што објави „Политика“, запленетото шверцувано месо требало да биде доставено до фирма во српскиот град Ќуприја.

– На амбалажата беа видиливи декларации од обејкти од Бразил. Некои пакети се уште беа со важечки рок на траење, но на некои рокот им истекол пред повеќе од шест месеци, соопшти српската Ветеринарна управа.

Во врска со случајот е уапсен еден 21-годишен српски државјанин, против кого е покренато обвинение за шверц на месо.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дури 65% од Грците се против Договорот од Преспа

Редакција

(Фото) Македонските „Анонимуси“ топ-тема на Балканот поради хакирањето на страниците на Дуа Липа и Рита Ора

Редакција

Бебе почина во Грција, откако таткото го заборавил во автомобил неколку часа

Редакција