еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во последните три дена, нови 71 случаи на Ковид-19, оздравени 86, нема починати

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните три дена (од 28.10 до 30.10.2022 година) се направени 819 тестови, а регистрирани се 71 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 47, Прилеп – 9, Охрид – 3, Битола и Кичево – по 2, Куманово, Струмица, Штип, Кочани, Гевгелија, Крива Паланка, Богданци и Демир Капија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 10 реинфекции.

Регистрирани сe 86 оздравени пациенти од: Скопје – 63, Прилеп – 9, Битола – 8, Штип – 2, Куманово, Кавадарци, Неготино и Кратово – по 1.

Во текот на изминатите три дена не се пријавени починати лица.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, не се пријавени починати лица.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 344.146, бројот на оздравени пациенти е 334.335, на починати е 9.564, а бројот на активни случаи изнесува 247.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лингвистите од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ бараат со Бугарија да не се преговара за јазикот, нацијата и историјата

Редакција

Убава вест: 13 оздравени болни од Ковид-19

Редакција

ЕСМ ја исклучи ХЕЦ Св. Петка и го стави на минимум производството во ХЕЦ Козјак за да се намали нивото на Вардар

Редакција