еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Нова рекордна недела за БРАКО: 17 испорачани возила во европски земји

Рекордни 17 возила за одржување на хигиена во урбани средини, неделава излегоа од погоните на БРАКО и се испорачани кон метрополите во 5 европски земји, информираат од таму.

Инжинерите и техничарите во БРАКО навремено и прецизно ги завршија нарачките за вкупно 11 возила во Велика Британија, 3 возила во соседна Грција и по едно возило во Холандија, Германија и Франција.

-Интересот за електрични возила продолжува да биде на високо ниво, но во испораката има и возило на погон на водород, како и најновиот модел на возила на класичен погон, со унапредени филтри за намалени издувни гасови.

БРАКО продолжува да создава производи кои се пријателски кон природата, исполнувајќи ги критериумите на системот за управување со квалитет и животна средина, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Електронските цигари, несогорливите тутунски производи и уредите за нивно загревање, може да се употребуваат во затворен простор

Редакција

30 дена притвор за поранешниот функционер на ДУИ, Исмет Гури и уште две лица

Редакција

(Фото) „Нина девојчето со крофните“: Македонскиот дизајнер Кардула направи постер со српската хероина

Редакција