еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Уставен не поведе постапка за изборот на Џафери за претседател на Собранието и на Груби за прв вицепремиер

Уставниот суд ги отфрли иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на изборот на претседател на Собранието, Талат Џафери и за првиот заменик претседател на Владата, Артан Груби.

– Уставниот суд на денешната седница одлучи да ја отфрли иницијативата со која беше оспорена одлуката за избор на претседател на Собранието до 2 мај 2017 година, бидејќи таа одлука нема карактер на пропис, туку со неа се врши конкретен избор.

Членот 110 од Уставот јасно утврдува дека Уставниот суд одлучува за согласност на законите со Уставот и согласност на другите прописи и колективни договори со Уставот и законите, инфоримира на прес-конференција портпаролката на Уставниот суд, Христина Беловска.

Судот одлучи и да не поведе постапка за членови од Деловникот на Владата што се однесуваат на прв заменик на претседателот на Владата задолжен за координација на политичките прашања на ресорите, бидејќи се смета дека ваквиот начин произлегува од одредбите на Законот за Влада, а во случајот тоа се разработува и со Деловникот на Владата.

МИА/Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови рочишта за „Талир“, „Тортура“ и „Тарифа“ на СЈО

Редакција

Лекарка од Куманово веќе 40 дена има коронавирус, дополнително ѝ плаќа на државата за здравствени услуги

Редакција

Никола Ѓуричко повторно гостува во Скопје, со неговиот бенд „Џони миднајт трио“

Редакција