Грчката европратеничка и сега веќе поранешна потпретседателка на Европскиот парламент, Ева Каили е осомничена за перење пари, корупција и учество во криминална организација, пренесуваат грчките медиуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вреќи со пари најдени во домот на потпретседателката на Европскиот парламент, Ева Каили во Брисел
Во мега скандалот поврзан со корупција, перење пари и учество во криминална организација, засега се осомничени четири лица.
Во соопштението во кое не се споменуваат конкретни имиња, федералното Обвинителство на Брисел соопшти дека четири лица се приведени поради горенаведените обвиненија, од шестмина кои беа приведени за време на рациите на федералната полиција во петокот.
„Постојат сомневања дека на поединци на политички и/или стратешки позиции во Европскиот парламент им биле исплатени големи суми или им биле понудени значителни подароци за да влијаат врз одлуките на Парламентот“, се вели во соопштението.
Двајца од шесте приведени беа ослободени – вклучувајќи го и таткото на Каили, кој беше фатен како го напушта хотелот со куфер полн со готовина – додека во саботата вечерта беше извршена рација во домот на вториот европратеник, се наведува во соопштението, додавајќи дека нема да бидат објавени дополнителни информации во овој момент за да се олесни истрагата.
Според весникот „Ле Соар“ и списанието „Кнак“, во петокот бил приведен и партнерот на Каили, Франческо Џорџи, пратенички асистент, како и поранешниот европратеник на социјалистите и демократите, Пјер Антонио Панцери, а бриселски лобист идентификуван како „Ф“ останува во притвор.
Второто лице приведено и подоцна ослободено е генералниот секретар на Меѓународната конфедерација на синдикати, Лука Висентини, пишува „Ле Соар“.
Според овие медиуми втората рација во саботата вечерта била во домот на белгискиот европратеник Марк Тарабела.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој се освен Гркинката Ева Каили е уапсен во скандалот со корупција во Брисел поврзан со Катар
Фото: Министерство за труд на Катар