еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Викендов променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен, а попладне вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб јужен, а кон крајот на денот и во текот на ноќта умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Во наредните денови следува период на стабилно и посвежо време. Во недела ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на температурите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За надоместоци на Одборот на директори на ЗК Пелагонија лани исплатени 3,2 милиони денари

Редакција

Паркингот во Ист Гејт Мол ќе се наплаќа, почнувајќи од понеделник

Редакција

Македонските граѓани тонат во долгови: Земаат нови за да ги вратат старите кредити

Редакција