еМагазин
Image default
ЖИВОТ

„Возете одговорно за безбедни празници“, апелираат од МВР и РСБСП

Граѓаните да не конзумираат алкохол кога управуваат со моторно возило, да ја прилагодат брзината според условите на патот, да не користат мобилен телефон додека возат, задолжително да користат сигурносен појас, да направат зимска проверка на возилото, да се почитува растојанието меѓу возилата и да се избегнува нагло сопирање на возилото, ова се дел од препораките на зимската и новогодишната кампања на Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот (РСБСП).

Во рамките на кампањата, МВР и РСБСП, денеска во Охрид делеа едукативен материјал за да ги потсетат возачите на законската обврска за задолжително носење на зимска опрема, како и да ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот за време на претстојните новогодишни празници.

Од МВР велат дека новогодишните празници се карактеризираат со поголема раздвиженост на луѓето, празнично расположение и поголема густина во сообраќајот, но не смеат да се запостават ни ниските температури и лизгавите коловози.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За викендот нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Редакција

Четири години бил во кома денес е матурант: Јован е чудо од дете

Редакција

Заев: Нема зборови што можат да бидат утеха, ги мобилизираме сите сили и капацитети

Редакција