Кавадарци добива јавен градски и приградски превоз.
Вчера беа презентирани четири нови автобуси.
Директорот на јавното претпријатие за градски превоз, Александар Ѓорѓиев информираше дека ќе има две градски линии што ќе сообраќаат во текот на цел ден, на временски интервали од половина час.
– Во приградскиот превоз ќе има четири линии, три пати дневно, ќе бидат опфатени сите приградски села, како и линија до Росоман со селата во росоманска општина. Ова претпријатие го опфаќа и превозот на ученици од сите средни и основни училишта во кавадаречка општина, појасни Ѓорѓиев.
Ќе се стартува со превоз на учениците од крај на месец јануари. Градскиот и приградскиот превоз, планирано е да започне во месец февруари. Се располага со осум возила. Три нови и еден постоечки автобус, еден минибус и три комбиња за превоз на патници.
МИА/Фото: Општина Кавадарци/видео: КТВ-телевизија