еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

На тие кои ќе го негираат и навредуваат македонскиот народ среде Скопје, тоа ќе им биде последно доаѓање во Македонија, порача Османи од Софија

Министерот Бујар Османи, денеска заедно со неговиот бугарски колега Николај Милков, го посети повредениот македонски државјанин Христијан Пендиков, кој беше физички нападнат во четврток во Охрид, а кој се лекува во болница во Софија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Македонија се враќале црните традиции на палење, пукање и насилство врз луѓето, порача бугарскиот министер Милков

По посетата, Османи меѓудругото упати и порака дека нема да се дозволи и негирање на македонскиот народ.

„И затоа сакам и да упатам порака дека и тие провокации треба да престанат и да укажам дека секое доаѓање во Северна Македонија, со цел навреди кон македонскиот народ, негирање на македонскиот народ, ќе мораме сериозно да го адресираме и тоа да биде последно доаѓање во Северна Македонија.

Значи и двете прашања ќе мора подеднакво. Фокусот денеска е на ова насилство врз Христијан коешто мора да го осудиме, и мора да создадеме атмосфера на нула толеранција, но исто така и провокација од политичари кои доаѓаат во Северна Македонија среде Скопје, го негираат македонскиот народ, го навредуваат македонскиот народ, тоа мора да го пркеинеме и тој вициозен циклус во којшто сме влезени мора да престане,“ рече Османи.

Затоа, додаде тој, упатувањето е дека тоа веројатно ќе биде последно доаѓање во Македонија на секој кој ќе ги навреди Македонците, македонскиот народ или било која друга заедница, како што ние нема да дозволиме никој да ги навреди бугарската заедница, или пак најмалку да покаже насилство кон било кој припадник на бугарската заедница во Македонија и државата тоа ќе го гарантира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендиков неколку пати ја менувал изјавата, објави СДК

Кој дозволи Пендиков за кого се водат две истраги да биде пренесен во Бугарија?

(Фото) Османи и Милков го посетија Пендиков во болница

МИА/Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

25 години успешно деловно работење: РЕХАУ отвори нов изложбен салон во Македонија

Редакција

Предавање на Љубчо Георгиевски во Софија одложено по упад на Ангел Џамбаски

Редакција

Нови рочишта за „Тендери“, „Тортура“ и раздвоената постапка за „Насилство во општина Центар“

Редакција