еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Ќе се вратат ли холандските туристи: Tур-операторот „Корендон“ ја активира сезонската авиолинија од Мастрихт до Охрид

Холандскиот тур-оператор „Корендон“ што располага и со сопствена авионска флота, за престојната туристичка сезона повторно ја активира директната авионска линија од аеродромот „Мастрихт/Ахен“ до Охрид.

Согласно донесената одлука, засега е предвидено авионите на „Корендон“ од јужниот холандски град повторно да летат до охридскиот аеродром во периодот од 7 јули до 1 септември.

Покрај Охрид како дестинација од аеродромот „Мастрихт/Ахен“ авиони на „Корендон“ престојната туристичка сезона ќе летаат уште и за Крит, Закинтос, Родос, Анталија, Бодрум и Бургас.

Авионската линија Мастрихт – Охрид покрај летовите од Амстердам и од Ајндховен, првпат беше воведена летото 2018 година, но по туристички одличната 2019 година поради епидемијата на коронавирусот холандскиот тур-оператор наредната сезона ги откажа своите туристички аражмани за Македонија.

Тур-операторот „Корендон“ беше најзаслужен за враќањето на туристите од земјите на Бенелукс, во најголем број Холанѓаните, на Охридската ривиера по распадот на поранешна Југославија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР утврдила како затворената седница за случајот „Онишченко“ во Собранието заврши на Јутјуб

Редакција

САД обвинува дека Русија ќе употреби хемиско оружје во Украина, Москва вели дека се шпекулации

Редакција

За влез во Косово три дози или две дози вакцини плус ПЦР тест

Редакција