еМагазин
Image default
Бизнис

Горивата поскапуваат од еден до 1,5 денар

Малопродажната цена на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се зголемува од еден од 1,5 денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Според Одлуката, новата цена на Еуросупер БС-95 се зголемува за еден денари и ќе изнесува 72 денари за литар, Еуросупер БС-98 се зголемува за 1,5 денари и ќе изнесува 74 денари за литар. За 1,5 денар се зголемува и цената на Еуродизелот и тој ќе се продава по 64,5 денари за литар. Се зголемува цената и Екстра маслото за домаќинството за 1,5 денари и ќе се продава по 53 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,951 денари и ќе изнесува 34 денари за килограм.

Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена изнесуваше 74,5 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот изнесуваше 53,62 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Корисниците на апликацијата „Мој ДДВ“ со сметки од Охридска банка да извршат ажурирање, велат од УЈП

Редакција

„Пелистерка“ во загуба од 11,4 милиони денари во првото полугодие од годинава

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на Министерството за финансии за набавка на масло за горење вреден 47.000 евра

Редакција