Од правниот тим на Бојан Јовановски – Боки 13 најавуваат кривично-правна операција со кодно име „Бумеранг“ во која на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, со кое раководи Ислам Абази, ќе му бидат предадени над милион „бомби“, кои се однесуваат на сторен криминал од највисоки државни структури и бизнис елити.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинителство оформило предмет и одредило обвинител што ќе го сослушува Боки 13 за „бомбите“
„Напоменуваме дека поради обемноста на материјалот и доказите во бројка од 1.150.000 фајлови со податоци во кои се содржани аудио снимени разговори, транскрипти, пораки, остварени телефонски комуникации, видео и фотографски записи, т.н. “бомби” , заради целисходност при постапување по предметот ќе биде потребно формирање на посебен тим за работа и процесуирање на кривичните пријави во согласност со реалните потреби за ефикасно и правилнло постапување по предметот, за кое нешто ќе истакнеме посебно барање до јавниот обвинител“, стои во соопштението.
Јовановски напоменува дека по поднесувањето на пријавите и предавањето на доказите, очекува темелна и непристрасна разшреница.
„Поради високиот степен на карактерот и сериозноста на процесот “Бумеранг” бараме и очекуваме посветеност, неселективност и максимална професионалност од страна на надлежниот обвинител.
Исто така, напоменуваме дека подносителот Бојан Јовановски ќе ги поднесува пријавите и ќе ги предаде доказите на записник по претходно утврдени законски гаранции за заштита на неговиот физички и психички интегритет поради карактерот, сензитивноста и сериозноста на отпочнатиот процес со кодно име “Бумеранг”.
Бојан Јовановски ќе ги поднесе пријавите и ќе ги предаде доказите во присуство на неговите полномошници мр.Владимир Туфегџиќ и Сашко Дукоски, адвокати од Скопје, единствено во сигурносно обезбедени простории во ОЈО за ГОКК, со визуелно, тонски запис од чинот на сослушување и предавање на доказите“, посочуваат од адвокатскиот тим на Боки 13.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Боки 13 му нуди на Абази “бомби„ за корупција и криминал на политичари, судии, бизнисмени…
Боки 13 вратен во затвор во предканцерогена состојба, велат од неговиот правен тим
Фото: МИА