еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Уставни измени во овој пратенички состав нема да има, тврди Мицкоски

Уставни измени во овој пратенички состав под бугарски диктат и во овие околности нема да има, изјави денеска во Охрид, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во коментар во однос на најавата на Владата за формирање на работни групи за подготовка на текстот на амандманите на Уставот.

– Уставни измени во овој пратенички состав под бугарски диктат и во овие околности нема да има. Тоа што го прави власта е процес кој што на крајот ќе се удри во ѕид, односно ќе заврши неуспешно.

Предупредивме дека за тоа што го превземаат како обврска од името на сите нас, не само што немаат кредибилитет, туку и не можат физички да го поминат.

Тогаш се сеќавате правеа некакви реминисценции и потсетувања од времето на Преспа, но ги предупредивме дека е друго време, дека ова не е времето кога можеа да се договараат со одредени уценети политички поранешни структури кои што за жал функционирале во ВМРО-ДПМНЕ. Такви нема сега повеќе, изјави Мицкоски.

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе остане ли ССМ без зградата, Врховен одлучил дека сопственик е државата

Редакција

Пендаровски: Се пријавив за вакцинација, ќе ја примам вакцината што ќе биде достапна во тој момент

Редакција

„После настапот на Мадона, XXL седат дома и викаат: „Фаул„: Твитер реакции за настапот на поп кралицата на Евровизија

Редакција