Кога функционерите во Македонија не се способни да го спроведат тоа за што биле избрани, по некое непишано правило „играат“ на националистичката карта, без притоа да размислат за штетата што ја предизвикуваат за пусти поени на дневна основа.
Школски пример како тоа изгледа е последниот Фејсбук статус на градоначалникот на Тетово и лидер на Беса, Биљал Касами, кој го прогласи Тетово за центар на Албанците.
Неговиот статус предизвика лавина од негативни реакции, па од Општината мора да објаснуваат што сакал да каже.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За Касами Тетово е главен град на Албанците во Македонија
Во иднина за да не бидеме “изгубени во преводот“ и да го разберат сите што сака да каже, статусите освен на албански, да ги пишува и на македонски јазик, зошто тоа како функционер му е обврска, а и е нели градоначалник на сите.
А, Тетово може да биде само главен град на ѓубрето, загадувањето на воздухот и урбаната мафија.
Така да, Касами наместо со етнички прашања, треба да се занимава со решавањето на тие проблеми, кои подеднакво ги тангираат и Албанците и Македонците и сите други.
А како што видовме досега од неговиот мандат, далеку е од решавање на вистинските проблеми, а Тетово, еден од најголемите градови во Македонија се уште сонува за парк. За парк!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Осуда за изјавата на Касами од ЛДП и СДСМ
Фото: МИА