еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Од шест дела за Мијалков, четири завршени, остануваат уште две, од кое едното е пред застарување

Од шест дела кои се водеа за поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, четири се завршени, и натаму му се суди за две, од кое едното е пред застарување.

„Титаник 2„ се шеташе по судовите и на крај застаре

Вчера му застаре делото за „Титаник 2„, кое се однесува за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година во Општина Струмица.

За оваа дело Мијалков беше прогласен за виновен за стореното кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ и доби две години затвор, но Апелациониот суд поради суштествени повреди на постапката, ја укина првостепената пресуда и случајот го врати на повторно одлучување, по што почна „шетањето“ на предметот по судовите и на крај застре.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На Мијалков му застаре делото за „Титаник 2“, нема да му се суди за изборни нерегуларности

Ослободителна пресуда за “Тортура“, условна за „Плацови на Водно“

Претходно доби ослободителна пресуда за „Тортура“, случај кој се однесува на приведувањето на Љубе Бошковски.

Пред неколку недели за случајот „Плацови на Водно“, во кој беше обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело“, затворската казна од една година и три месеци му беше заменета за четири години условна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мијалков нема да оди во затвор за „Плацеви на Водно“, Груевски доби плус две години

Затворска казна за „Империја“

Единствено правосилна затворска казна Мијалков доби за случајот „Империја“ во кој се спогоди со Обвинителството. Во овој случај тој призна вина за “злосторничко здружување и противправно стекнување имот“ и доби три години затвор, а му беа конфискувани пари и имот во вредност од 36 милиони евра.

Тој за овој случај одлежува во затворот од отворен тип во Струга, откако ја промени својата адреса на живеење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Случај „Империја“: Запленет имот на Мијалков

И натаму му се суди за „Трезор“ и за „Таргет – Тврдина“

И натаму на Мијалков му се суди за „Трезор“, кој се однесува за набавката на британска опрема за следење на електронската комуникација за УБК, за што тој е осуден на единствена казна затвор во траење од осум години.

И за овој случај Апелација ја укина првостепената пресуда и го врати предметот на повторно судење.

На Мијалков му се суди и за „Таргет – Тврдина“, кој е сè поблиску до застарување, а за кој доби 12 години затвор за кривичните дела „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито влијание“.

Предметот се однесува за масовното прислушување и уништување на опремата од УБК, а истиот е вратен од Апелација на повторно одлучување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Го отстранија Ќосето од пред палатата на правдата, на негово место ќе стават биста на Мијалков“: Твитер реакции за “Титаник 2“

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Охриде – Скопје ти ќе бидеш“: Твитер реакции за ѓубрето од домашните туристи во Охрид

Редакција

Министерството за одбрана склучи договор со “Пуцко петрол“ вреден 1,4 милион евра

Редакција

Уште една компанија треба да плати солидарен данок, кај осум се спровела присилна наплата

Редакција