еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Новороденче почина во битолската болница, министерот Меџити вели дека било родено со тахикардија и имало белодробно срцево осивување

Дојдовме во Битола да видиме одблиску што бил и како бил случајот во врска со смртта на починатото бебе, првороденче на на 24-годишна битолчанка, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити.

За време на неговата посета на ЈЗУ Клиничка болница-Битола, министерот најави дека во текот на утрешниот ден во битолската болница ќе дојде тим од Државен здравствен и санитарен инспекторат, комисија од инспектори и ќе утврдат што било точно причината.

-Како што видов во првичниот извештај, бебето живо било родено, со тахикардија, имало белодробно срцево осивување, а понатаму се ќе кажеме кога ќе имаме дефинитивни резултати од одговорните институции во државата.

Разговарав со мајката на бебето што го изгуби и се што е, како е постапено ќе утврдат службите и после ќе излеземе со конечен извештај. Ако има пропуст, ќе има одговорност. Тука сме да видиме што е пропустот, што може да се подобри. Но исто така, и за Јана чекаме конкретен извештај од обдукцијата, изјави Меџити и искажа сочувство за младата родилка за изгубеното бебе.

Во изјава за медиумите, Меџити истакна дека е еден месец министер, знае дека проблемите во здравството неможе да се решат преку ноќ, но како што рече, пополека мораме да настојуваме да имаме подобри резултати во иднина и да не ни се случуваат вакви немили настани.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) ВМРО-ДПМНЕ останува на улица: Со блокади по втор пат протестираше против поскапувањето на цената на струјата

Редакција

„Екатимерини“: Мицотакис побарал од Заев да се почитува Преспанскиот договор ако земјата сака во ЕУ

Редакција

Aпелација ја одби жалбата, Јанева останува во куќен притвор

Редакција